Oppo објави тизер од новиот смартфон, а тоа е Reno3 Pro 5G.
Reno3 Pro 5G ја следи трацицијата на кинеската компанија Oppo и ќе стане најтенок паметен телефон на пазарот. Неговата дебелина изнесува 7,7 милиметри, но без леќите од камерата. На смартфонот постојат закривен стаклен екран однапред и задна страна со ист облик. Екранот нема рамки горе и доле, како ни од страните.
Вака тенок уред веројатно нема да има pop-up камера, но не се гледа ни отвор во екранот за селфи камерата. Сепак, објавениот рендер е „отсечен“ на горната лева страна, така што е можно токму на тоа место да се наоѓа отвор за камерата, баш како што е случај со Samsung Galaxy S10. Исто така, одзади би можел да има поедноставен модул на камерата од оние кои сме ги виделе претходно.
Oppo Reno4 Pro 5G ќе се појави на европскиот пазар, а цената засега не е позната, како ни датумот на почеток на продажбата.
Поврзани артикли