Доколку сте искеширале многу пари за iPhone 11, веројатно ништо не може да ви звучи полошо од идејата да го фрлите од хеликоптер, но овие тројца јутјубери кои на каналот “How Ridiculous“ ги следат над пет милиони луѓе го направиле токму тоа.
iPhone-от сепак го ставиле во заштитна маска пред да го изведат овој експеримент.
Прво го фрлиле iPhone-от кој на тлото завршил со скршен заден дел, но очигледно дека немало проблем во функционирањето на смартфонот.
„Тоа е тоа. Скршен е, но не можам да верувам дека и понатаму работи – тоа е лудо“ – рекол воодушевено јутјуберот.
Потоа го фрлиле и Nokia телефонот кој ја оправдала својата репутација на некршливост и по падот од 300 метри немал никакви оштетувања.
Дури на телефонот по падот успеале да одиграат една партија од легендарната “Змија“.
„Тоа е неверојатен резултат. 300 метри! Ве молам еден аплауз за луѓето кои произведуваат мобилни телефони“ – заклучиле тие.
Извор: Index.hr
Поврзани артикли