Alexa сега може да биде разочарана или возбудена (ВИДЕО)

Amazon воведе новитети во својот дигитален асистент кои досега не се видени на ова поле. Alexa сега може да биде воодушевена, но и разочарана.

До сега, дигиталните асистенти беа обична алатка и извршител на командата, а сега новите функции ќе го оживеат овој асистент, но сигурно ќе има поделени мислења во интернет заедницата. Alexa ќе одговара со повеќе емоции во гласот, а корисниците ќе можат да менуваат помеѓу три нивоа на интензитет на реакција. Вака изгледа кога Alexa е разочарана:

Претходните повратни информации говорат дека на Amazon ова му бил добар потег а дека задоволството на корисниците при користење на говорни команди е зголемено за 30 проценти. Оваа можност е веќе достапна за програмерите, а во блиска иднина би требало да се најде на уредите. За почеток, за жал, само во Америка. Заедно со ова, Amazon ќе ја исфрли и можноста Alexa да ви ги чита вестите на начин како што прават радио водителите.

Извор: PC Press.rs