Екраните со фреквенција на освежување од 240 Hz не се ништо ново кога се во прашање екраните за десктоп и преносни компјутери и паметни телефони. Но, се чини дека наскоро таквите екрани ќе пристигнат и на таблет уредите, барем ако се суди според информациите кои овие денови се појавија на кинеските социјални мрежи.
Изворот објави фотографија од еден 10,8 инчен екран на компанијата TCL, на која е видлив и дел од техничките податоци. TCL наведе дека се работи за 10,8“ WQ гејминг екран, што може да значи дека на пазарот во поскора иднина би можеле да се појаваѕ и гејмерски таблети, бидејќи гејмерски смартфони веќе имаме.
Покрај наведената дијагонала, прикажаниот екран се одликува со резолуција од 2.560 x 1.600 пиксели, густина на приказ од 280 PPI, осветлување од 500 нити, а дебелината на околните рамки изнесува 0,6 милиметри.
Екранот на TCL во горниот лев агол има punch-hole, поради што неодоливо потсетува на екранот на таблетот MatePad Pro. Меѓутоа, бидејќи Huawei не се пофали со 240 Hz панел, а и MatePad Pro има нешто поголемо осветлување (540 нити), со голема сигурност може да се каже дека не се работи за ист, туку само за сличен екран.