Унгарија планира да испрати свои астронаути во вселената до 2024 година. Ова денес го изјавил министерот за надворешни работи на земјата Петер Сијатро, на конференција на министрите на Европската вселенска агенција која се одржа во Севиља, претставувајќи ја владината политика на премиерот Виктор Орбан.
Сијатро порача дека вселенската индустрија ќе стане една од најважните индустрии во земјата.
„Ова ќе биде уште една можност за Унгарија да се развива и да се движи напред. Мораме да се фокусираме на трензите на вториот унгарски астронаут, кој ќе биде испратен на Меѓународната вселенска станица. Тоа е реално и изводливо да се случи до 2024 година. Во моментов соработуваме со руската агенција Роскосмос и мислиме дека ќе успееме“, изјавил Сијатро.