Honor официјално го претстави новиот паметен часовник MagicWatch 2, кој се истакнува според автономијата од 14 дена, а се насочува и на функциите како што се фитнес активности и здравје.
Часовникот е во состојба да ги следи отчукувањата на срцето, поминатото растојание, брзината, бројот на потрошени калории и SWOLF вредноста за мерење на ефикасноста на пливањето. Постојаноста на часовникот при пливачките активности е осигурана со декларираната водонепропустливост од 5 ATM и со куќиште од нерѓосувачки челик. Часовникот е во состојба да го следи квалитетот на сонот, да регистрира пест типични нарушувања на спиењето и да следи 15 различни фитнес активности.
Пристигнува во две големини, 42-милиметарска и 46-милиметарска, а тука е и 1,2, односно 1,4-инчниот AMOLED екран со густина на пиксели од 326 точки по инч. Часовникот работи на Kirin A1 чипсет и 2, односно 4 GB интерна меморија за складирање податоци.
Споменатата автономија од 14 дена се однесува на претпоставката дека корисникот секоја недела користи GPS 90 минути за да ги следи своите активности, извршува 30 минути повици преку Bluetooth поврзување и врши репродукација на музика во траење од 30 минути.
На пазарот пристигнува на 12. декември со почента цена од 179 евра за 42-милиметарскиот модел и 189 евра за моделот со екран од 46 милиметри.
Поврзани артикли