Google соопшти дека четворица вработени се отпуштени бидејќи биле активни во организирање синдикат во компанијата. Канцеларијата за безбедност и истрага на компанијата Google испрати допис до своите вработени за отпуштањето на четворицата вработени поради јасни кршења на правилата за безбедност на податоците.
Портпаролката на Google, Јен Кајсер, ја потврди информацијата за отпуштање четворица вработени, но одбила да ја каже причината.
Затегнатите односи почнаа кога Google ја напушти долгогодишната пракса во која вработените беа поттикнувани јасно да изразат свои ставови и мислења за работењето на компанијата. Прекинати се низата редовни состаноци на компанијата за време на кои вработените можеле да поставуваат прашања до високото раководство и почна да соработува со компанија што се занимава со спречување организирање синдикати.
Во дописот до вработените на „Гугл“ се наведува дека отпуштените вработени повеќепати барале, прегледувале и дистрибуирале информации надвор од рамките на својата работа.
Еден од вработените примил информации за работата и позицијата на другите вработени без нивно знаење или одобрение, пишува во дописот од компанијата.