Motorola Razr е сигурно еден од најдобрите обиди технологијата на флексибилни екрани кај телефоните да се искористи на вистински начин во 2019. година. Изгледа дека motorola веќе размислува за наследникот на овој легендарен модел, а Lets go Digital откри патент кој изгледа како уште еден ваков телефон. Баш во патентот е можно да се најде преклопен уред на половина по хоризонтала со дополнителен екран однадвор. Познато?

Исто така, патентот покажува осум сензори, кои ќе се најдат од страна на уредот и служат како виртуелни копчиња, кои поради различните функции можат да бидат притиснати или преку нив да се повлече прстот. Овие сензори можат да се користат и кога телефонот ќе се затвори, но тогаш заеднички би имале поинаква функција. Поточно, 20 различни функции, според деталите кои одат со патентот.

Некои од нив сигурно ќе бидат користени за да го повикаат дигиталниот асистент или селфи камерата. Уште една од можностите е и дека поседува сензор заотпечатоци на прсти од страна, или скенер во екранот на уредот. Меѓутоа, ако би било така, тоа би бил прв таков флексибилен уред на светот.

Останува само да видиме дали Motorola успешно ќе ја имплементира оваа технологија. Сепак, и играчите како HTC и Google пробаа такво нешто на своите уреди, но не успеа. Засега ова е патент и нема вести дали овој модел ќе се произведе, но исто така беше патент и новиот Razr, кога прв пат го видовме во август, 2018. година.