Бомбашкиот одред веќе го тестира роботското куче, а наводно роботот веќе учествувал и во реални акции.

Досега видовме што може да направи овој робот, а сега се појави информација дека импресивниот Spot започнале да го тестираат експертите од бомбашкиот одред при полицијата на Масачусетс. Наводно освен за тестирање, роботот бил користен и во две реални ситуации.
Од полицијата не сакаа да објават премногу детали, освен тоа дека роботите биле користени за мобилно и оддалечено надгледување на опасни локации и за надгледување на сомнителни уреди.
Извор: Zimo.hr