Ако може да и се верува на номенклатурата на јужнокорејскиот гигант, кој Galaxy S10 Lite повторно го исфрли под името Galaxy A91, тогаш Galaxy Note 10 Lite веројатно ќе биде Galaxy A81.
Со оглед на ценовата категорија кон која се насочени Lite сериите, со причина можеме да претпоставиме дека и S10 Lite и Note 10 Lite ќе имаат процесор во рангот на Snaprdragon 700 серијата. Дали е во прашање веќе 730 или поновиот 735, тоа зависи од моментот кога телефонот ќе биде исфрлен на пазарот. Минималната RAM меморија која ќе биде уфрлена во овие модели ќе биде 8 GB, а интерната меморија е 128 GB. И едниот и другиот ќе работат на Android 10 на кој веќе ќе биде инсталиран One UI 2.0. Оригиналниот Galaxy A80 користеше одличен AMOLED екран од 6,7 инчи, па на неговиот помлад брат се очекува нешто слично.
За да ги вообличи новите уреди кои мораат да потпаѓаат под актуелните дизајнерски тенденции, Samsung мораше да прави одредени промени. All-screen панелот изгледа ќе биде заменет со Infinity-O алтернатива, а ротирачката камера би требало да биде заменета со камера која отскокнува во горниот лев агол. Како што стојат работите, многу наскоро би требало да го видиме овој модел и тоа во црвена, црна, но и Аура сребрена боја.
Иако не знаеме многу за цената, според Galaxy A80 моделот кој чини 735 долари, можеме да претпоставиме дека под таа цена нема да се спуштат. Потенцијалниот Samsung Galaxy Note 10 Lite ќе биде продаван во Европа и на избраните пазари во Азија. Меѓутоа, нема вести за продажба во Америка.
Поврзани артикли