Не само што роботите можат да ги победат човечките играчи во видео-игрите, туку можат и да ги деконцентрираат и да им ги повредат чувствата во текот на натпреварувањето.
Новата студија која ја спроведоа експертите од Карнеги Мелон универзитетот имаше необичен, но соодветен соучесник – хуманоидниот робот под името Pepper, кој е програмиран да им дофрла на другите играчи во текот на играњето видео игри. Иако во прашање биле релативно безопасни забелешки, роботот сепак успеал да допре до оние до кој е обраќал, што негативно влијаело на нивната способност на се концентрираат на играта.
Во текот на студијата, со роботот „се пресметале“ 40 играчи во 25 рунди на играта „Guards and Treasures“ и роботот понекогаш ги охрабрувал, а понекогаш ја коментирал нивната игра со речениците како „Морам да забележам дека си ужасен играч“. Во текот на студијата е заклучено дека играчите имале подобри резултати додека роботот ги поддржувал, и секако, послаби кога коментарите биле негативни. Сознанието дека роботските коментатори можат да влијаат на човечката самодоверба е драгоцено за понатамошниот развој на вештачката интелигенција, но и општеството воопшто, бидејќи уште еднаш се покажа дека поддршката е од витално значење за напредокот на секој поединец.