Археолозите кои истражуваат огромна античка египетска некропола пронајдоа поголем број мумифицирани животни.
Меѓу мумифицираните животни има лавови, крокодили, мачки и птици, а египетското Министерство за антиквитети објави некои детали на изложбата во пирамидата во Сакара, недалеку од местото каде се пронајдени мумиите.
Пронаоѓањето мумифицирани мачки не е изненадување, но мумифицираните лавови се исклучително ретки. Прелиминарните тестови и рентген снимките покажуваат дека станува збор за младенчиња стари осум месеци.
Археолозите пронајдоа 25 дрвени кутии со хиероглифи, во кои се сместени остатоци од мачки, крокодили и птици, како и дрвени статуи на разни животни.
Министерството тврди дека мумиите датираат од 664 до 332 пне.