Асистентот Alexa пристигнува и кај паметните светилки

Софтверот обично бара хардвер на одредено ниво за да може да функционира, па во зависност од сложеноста, некоја апликација може да ја покренува на сите уреди, додека некоја друга само на оние кои имаат сила за тоа. Така настануваат ограничувања, бидејќи не се сите уреди создадени еднакви, а Amazon планира тоа да го промени, барем кога е во прашање асистентот Alexa.

Така виртуелниот асистент на оваа компанија би требало да се појави и на уредите со помали капацитети, што е значајно бидејќи Alexa досега за стартување на гласовниот сервис бараше најмалку 100 MB RAM и ARM Cortex процесор од А класа. Amazon овие барања ги скроти и ги сведе на 1 MB RAM и Cortex M класа, што е добра вест за производителите кои би сакале Alexa да ја имплементираат во повеќе уреди, и тоа не само во телефони, туку и во паметни светилки, играчки, термостати, прекинувачи за светло, и други уреди со малку меморија. Се што е потребно е уредот да има спосбност за препознавање гласовни команди.

Вестите се прилично возбудливи, како за кориснциите, така и за компанијата Amazon, која со овој потег добива уште поголема контрола во рамките на IoT екосистемот.