Google објави дека става крај на контроверзната програма во рамките на која се користени лицата на бездомници за обука на системот за вештачка интелигенција, а за паричен надомест од само пет долари.
По истрагите кои ги мотивираа извештаите во медиумите, компанијата објави дека вработените повеќе не се задолжени да пронаоѓаат субјекти во тешки животни ситуации за да им ги скенираат лицата. Отсега, скеновите потребни за обука на системот за вештачка интелигенција ќе бидат собирани само во камповите на Google, и покрај фактот што некои експерти сè уште ја бранат програмата што беше откажана.
Проблемот е во тоа што целните граѓани кои живеат на улица претежно беа Афроамериканци, бидејќи како што можеше да се слушне било неопходно да се соберат скенови кои ги вклучуваат сите групи. Резултатот, сепак, е различен од она што се тврди, па веќе пред некое време е забележано дека AI системите ги развиваат истите предрасуди кои веројатно ги имаат и оние кои биле задолжени за нивната обука.
Програмата за обука на вештачката интелигенција претходно беше проблематична поради други злоупотреби, како на пример онаа во која вработените ги посетувале студентските кампови и ги скенираа лицата на студентите, без точно да ги информираат за што служат скеновите. Google пронајде решение кое би требало да спречи понатамошна злоупотреба, па скенирањата отсега ќе се вршат само на местата предвидени за тоа, што би требало да овозможи подобра контрола на истражувањето и поголема информираност на субјектите.