Тајниот стартап кој го поддржува Бил Гејтс постигнал неверојатно постигнување во соларната енергија која има за цел спасување на планетата Земја.
“Хелиоген“, компанијата која се занимава со чиста енергија, изјавила дека нашла начин да помогне во вештачката интелигенција и од полето на огледала да добие толку сончева енергија со што би создавала екстремна топлина над 1.000 степени.
Во основа “Хелиоген“ создал соларна печка – онаа која може да достигне температура која приближно е четвртина од онаа која се наоѓа на површината на сонцето.
Ова откритие значи дека првпат концентрираната соларна енергија ќе може да се користи за создавање на екстремна топлина потребна за правење цемент, челик, стакло и други индустриски процеси. Со други зборови, сончевата светлина може да ги замени фосилните горива во тешкото поле на економија кои емитираат јагледор диоксид.
„Ние воведуваме технологија која може да ја надмине цената на фосилните горива и така да не прави емисија на CO2“ – изјавил за Си-ен-ен Бил Грос, основачот на компанијата “Хелиоген“.
„И тоа навистина е бел грал“.
“Хелиоген“, кој исто така го поддржува милијардерот Патрик Сон – Шионг, верува дека патентираната технологија ќе може драматично да ја намали емисијата на гасовите.
„Бил и неговиот тим навистина го искористија сонцето“ – изјавил Сон – Шионг.
„Потенцијалот за човештвото е огромен“.
За разлика од традиционалната соларна енергија, која користи плочи кои се поставуваат на кровот, “Хелиоген“ го подобрува она што е познато како концентрирана соларна енергија.
Оваа технологија користи огледала да го насочи сонцето во една точка. Проблемот е во тоа што во минатото концентрираната соларна температура не можела да постигне доволна висина за да се направи цемент и челик.
Извор: Espresso.rs
Поврзани артикли