Јапонскиот гигант Sony формира нова единица за вештачка интелигенција која може да го промени начинот на готвење и јадење – преку роботи-готвачи и повкусни рецепти.
Новата единица за истражување Sony AI ќе работи во Јапонија, Европа и САД, фокусирајќи се на традиционалните области на Sony, како што се игри и сензори за слики, како и гастрономија, објави АФП.
„AI и роботиката нема да ги заменат готвачите. Наша цел е да понудиме нови алатки за проширување на нивната креативност со вештачка интелигенција и роботика“, вели портпаролот на Sony – Шиниши Тоби.
Според него, преку сензорните технологии можат да бидат создадени нови јадења за да го задоволат човечкото чувство за вкус. За таа цел, Sony AI ќе го искористи аналитичкиот капацитет на вештачката интелигенција.
Гигантотвотехнолошкиот свет, со седиште во Токио, не е единствената компанија што се соочува со таков предизвик. Претходно оваа година, IBM објави партнерство со производителот на зачини McCormick за користење вештачка интелигенција за развој на вкусови и храна.
Во иднина, Sony планира да создаде роботизирана кујна за да им помогне на постарите лица да ги подготват своите оброци дома. Исто така е можно и сценарио за ресторан каде роботите готват пред гостите.
Поврзани артикли