Министерството за трговија на САД го одобри барањето за трговска лиценца на Microsoft за да ги продолжи деловните односи со Huawei. PR-от на Мајкрософт ја потврди веста за Reuters, објаснувајќи дека софтверскиот гигант сега може да му извезува софтвер за масовниот пазар на Huawei. Иако не постојат дополнителни објаснувања за тоа што опфаќа оваа лиценца, се шпекулира дека Microsoft е слободен да тргува со производи за широка потрошувачка, што е многу добредојден развој за лаптоп линијата на Huawei.
Уште во јули, американското министерство за трговија ја откри својата намера да започне со издавање на специјални трговски дозволи за американски компании кои сакаат да ги одржат своите бизнис врски со Huawei. Исто така, стана јасно дека лиценците ќе ги опфаќаат широко достапните компоненти и софтвер. Оттогаш, речиси 300 американски компании аплицираа за овие лиценци.
Претходно оваа недела, американското министерство за трговија ја продолжи привремената генерална лиценца на Huawei за повторно воспоставување деловни врски со американски компании за компоненти кои „не претставуваат закана po националната безбедност на САД“. Покрај тоа, Huawei доби и дозвола да го обнови својот ограничен бизнис во секторите мрежa и опрема, заедно со напорите во областа на мобилните услуги и сајбер безбедноста.
Поврзани артикли