Samsung оваа веќе ги освежи двете линии на своите флегшип телефони, но според последните извештаи, компанијата сè уште не завршила со лансирање на нови модели. Се појави информација дека компанијата планира да лансира уште три нови смартфон модели до крајот на оваа година. Ако е ова точно, наскоро ќе имаме можност да ги видиме Galaxy S10 Lite, Galaxy Note 10 Lite и Galaxy A51.
Со оглед на тоа што Galaxy S11 се очекува напролет, декември е добар месец за претставување нови, поевтини модели. Впрочем, побарувачката за телефони се очекува да се зголеми во текот на празничната сезона.
Постојат голем број на различни спецификации за споменатите телефони. На пример, се очекува S10 Lite да има екран од 6,7 инчи, поддршка за брзо полнење од 45W, 8 GB RAM меморија, 128 GB простор за податоци, Snapdragon 855процесор и тројна задна камера. Во суштина, би бил многу слично на моделот Galaxy A91, со некои мали измени.
За Galaxy A51 се очекува екран од 6,5 инчи, 4 GB RAM меморија, складирање до 128 GB, Exynos 9611 процесор и батерија од 4.000mAh. Исто така, овој телефон би требало да тројна задна камера.
Засега, нема многу информации за Note 10 Lite моделот, што можеби укажува на тоа дека нема да биде претставен во исто време како и претходните два модела. За него се претпоставува дека е за нијанса поголем од S10 Lite, како и дека ќе има поддршка за S Pen.