Apple е повторно цел на критики на интернет, овојпат поради новата реклама за iPhone 11, односно поради тоа како таа почнува.
– Навистина ја мразам рекламата за iPhone 11 што почнува со тој звук за будилник. Секојпат ми предизвикува „мини-инфаркт“ и пост-трауматскo стрес растројство, објави @bethanyellennx. Ова е само една од стотиците објави и коментари на Твитер, од луѓе што се револтирани од тоа што спотот почнува со таа мелодија што тие ја сметаат за непријатна.
– Зошто мора да почнува со таа ужасна мелодија за будилник. Душата ми се стресува, прокоментира Бен @WiggyAFC.
Некои одат дотаму што бараат рекламниот спот да биде забранет.
Поврзани артикли