Во пријатна, но сепак натпреварувачка атмосфера во присуство на гости од бизнис и стартап заедницата, институции, инвеститори и бизнис ангели, во хотелот Hilton Double Tree, СЕАВУС АКЦЕЛЕРАТОР го одржа првиот Демо Ден на кој за инвестиција од 30.000 евра своја презентација одржаа 10 софтверски и технолошки ориентирани стартап компании.
На настанот свое обраќање имаше г-ѓа Тања Илијевска од Фондот за иновации и технолошки развој, а за важноста на овој проект за поширокиот стартап еко – систем и искуствата од првата акцелераторска програма говореше Менаџерката на СЕАВУС АКЦЕЛЕРАТОР Весна Иваноска.
За перспективноста, иновативноста и капацитетот на компаниите одлучуваа претставници на инвестицискиот и надзорниот одбор на СЕАВУС Групација. Компаниите Synapse Aviation, AppAdmin, Systems for Enterprise, DeathPixelArt и Muster collective добија зелено светло за отпочнување преговори за инвестиција од 30.000 евра.
СЕАВУС АКЦЕЛЕРАТОР е прв корпоративен Акселератор поддржан од Фондот за иновации и технолошки развој и Светска Банка кој има за цел да создаде средина која го стимулира и го поттикнува развојот на новите бизниси во сите развојни фази и да обезбеди континуирана високо квалитетна акцелерација и инвестициска поддршка за стартапи од областа на технологијата преку систематизирање, интегрирање и подобрување на сите активности поврзани со инвестициите и акцелерацијата на ниво на СЕАВУС Групација.