Како што веќе стана вообичаено, во првиот квартал на следната година се очекува Samsung да ги претстави новите модели од претстојната S11 серија.
Исто така, изгледа дека i корејската компанија работи на сосема нова серија на „high-end“ паметни телефони, која најверојатно ќе биде именувана Galaxy One.
И како што актуелните трендови диктираат се потенки рабови околу екраните за мобилни телефони, што на корисниците им овозможува поголем екран со максимално искористување на неговата површина, и Samsung се повеќе размислува во таа насока.
Првиот пример на паметен телефон со т.н. водопад дисплеј е Vivo NEX 3 5G, чија површина на екранот се протега низ рабовите на уредот до задниот дел. Тука е и Xiaomi со своето решение Surround Display за опкружувачки екран за идниот телефон Mi Mix Alpha.
Сепак, за разлика од најпознатите решенија, „водопадот“ на Samsung се протега преку страничните рабови на уредот до горниот и долниот дел, оставајќи впечаток за 3Д дисплеј.
Ваквиот екран ќе има можност за користење дополнителни виртуелни копчиња, сместени во заоблените рабови, решение кое што Huawei неодамна го претстави на својот премиум телефон Huawei Mate 30.