Тим археолози во Перу откри мегалитски храм стар 3.000 години, кој се користел за одржување ритуали за плодност.
Религискиот споменик, долг 40 метри, се наоѓа на околу 800 километри од Лима. Во внатрешноста на храмот археолозите пронашле олтар, остатоци од големи камени блокови и столбови. Тие веруваат дека овде се вршеле обреди во кои е користена вода од реката Зана.
„Ова откритие е уникатно бидејќи станува збор за единствената мегалитска архитектура на овој локалитет во регионот“, вели д-р Волтер Алва, водач на истражувањето.
#Archaeologists find a 3,000-year-old megalithic temple that was used to stage 'pagan rituals of water worship' in ancient #Peru pic.twitter.com/5kgNyTjngE
— Hans Solo (@thandojo) November 16, 2019
Местото е откриено во октомври, а веста за неговото пронаоѓање беше одложена за да се намали ризикот од кражби на вредни артефакти, пренесува National Geographic.
Храмот потекнува од времето кога водата се сметала за божество и се користела во бројни ритуали, тврдат истражувачите. Водата имала посебна улога во ритуалите за плодност.
Ѕидовите на храмот се насочени кон планината, опкружуваат голем споменик и постојат централни скали широки околу 15 метри и долги повеќе од 20 метри. Откриена е и гробница пред храмот, во неа се пронајдени делови од керамика и метални предмети како ножеви поставени покрај гробовите.
Извор: B92.net
Поврзани артикли