Со напредокот на 5G технологијата, производителите почнуваат да развиваат поприфатливи 5G смартфони, а Samsung ќе биде еден од првите што ќе понуди ваков уред. Според инсајдерите, претстојниот Samsung Galaxy A71 ќе биде првиот ценовно достаопен 5G уред. Исто така, се појави и бројот на моделот за да се потврди постоењето на телефонот.
Уредот со број на модел SM-A716B, се појави на интернет и сугерира дека станува збор за кинеска варијанта на уредот. Ова има смисла бидејќи Кина е пазар со најголем систем на активни 5G мрежи и исто така е добро прилагоден за продажба на подостапен телефон со 5G конекција. Можно е наскоро да се појави и глобалната варијанта на Galaxy A71.
Се верува дека Galaxy A71 ќе го користи најновиот чипсет на Samsung, Exynos 980, кој спаѓа во средниот сегмент на пазарот, а имплементира 5G конекција и го поддржува Wi-Fi 6 стандардот.
Извор: Benchmark.rs