Apple објави дека во понеделник на 2. декември во 10 часот навечер во Њујорк ќе направи настан на кој „ќе се слават омилените апликации и игри за 2019 година“. На поканата се напишани само зборовите, „Сакан од милиони, направен од најдобрите“.
Apple инаку направи само соопштение во кое детално ги опишува омилените апликации и игри и тоа го прави секоја година. Меѓутоа, изгледа оваа година одлучиле да направат церемонија наместо само да објават. Производите не се очекува да бидат претставени на настанот.
Извор: PC Press.rs