Во третиот квартал од оваа година, Amazon продаде 10,4 милиони паметни звучници, што претставува 36,6 проценти од пазарот. Во истиот период, продажбата на паметни звучници на Google изнесуваше 3,5 милиони примероци (12,3 проценти од пазарот). Покрај одличниот резултат на Amazon, на послабата продажба на звучниците на Google влијаеше и појавата на нови кинески конкуренти, Alibaba i Baidu, кои остварија огромен напредок во третиот квартал.
Целокупниот пазар на паметни звучници е во пораст. Истражувањето на Canalyst покажува дека во третиот квартал на 2019. година продажбата на паметни звучници се зголемила за 44 проценти, со вкупно продадени 28,6 милиони примероци.
Најголем раст забележа Amazon, со пораст од 65,9 проценти, најмногу благодарение на промоциите што ги нудеше во тој период. Најголем губитник во овој период беше Google, чија продажба се намали за 40,1 отсто во однос на истиот период лани. Алибаба и Баиду во тој период го престигнаа Google и сега го заземаат второто, односно третото место според продажбата, веднаш зад Amazon.