Сакате да имате двојник? Рускиот робот е вистинска работа за вас (ВИДЕО)

Изработката на хуманоидни андроиди е една од гранките на роботиката која најмногу ги интересира, воодушевува, но и ги плаши луѓето.

Руската компанија Promobot произведе робот, со име “Robo-C”, наменет за деловниот пазар, кој е во состојба да ги замени луѓето во вршењето на бројни задачи.

Ако купувачот тоа го сака, роботот може да изгледа исто како него. Тоа значи дека произведувачот ќе го скенира и на основа на скенот ќе направи андроид, за кој тврдат дека е “комплетна антропоморфна машина”, која ги копира човечките изрази на лицето, може да ги движи очите, веѓите, усните и другите мускули на лицето.

Овој робот, сепак, нема да може наместо “својот човек” да оди до продавница или да ги однесе неговите деца во градинка, со оглед на тоа што станува збор само за роботско торзо. Меѓутоа, ќе може да врши работи на шалтер, инфо-пулт или слично работно место, каде ќе им дава корисни информации на клиентите. А тоа што роботот ќе може да ги има лицето на својот сопственик, звучи посебно интересно.

Роботот исто така е истрениран и да врши операции на плаќање.

Покрај сето тоа, компанијата Promobot истакнува дека нивниот андроид на својот сопственик може да му обезбеди бесмртност.

Тоа, сепак, звучи помалку бизарно, бидејќи е малку веројатно дека семејството на некој покојник би уживала во разговорите со неговиот роботски двојник.

Сепак, повеќето, веројатно ќе се согласат дека Robo-C изгледа прилично страшно. Иако, можеби тоа ќе биде усовршено во некоја наредна понапредна верзија.

Цената на роботот не е позната, а секој заинтересиран може да се информира кај произведувачот.

Извор: B92.net