Што се случува кога ќе блокирате нечии повици на смартфонот?

Ако некого, кој постојано ве “дави” со несакани повици, сте го блокирале на вашиот телефон, дали сте се запрашале што всушност сте направиле со тоа…

Откако ќе блокирате нечиј телефонски број, тоа лице повеќе не може да ве добие, користејќи го тој број. Ако проба да ве повика, вашиот телефон нема да заѕвони. Ако ви испрати SMS порака, таа нема да стигне, но нема никаде да биде ни сочувана.

Се додека бројот е блокиран, нема да знаете дека некој од него пробува да ве повика или да ви испрати порака.

Важно е тоа да го запаметите, бидејќи тие повици или пораки нема никаде да бидат сочувани, па нема ни да биде можно да бидат вратени. Дури кога ќе ја отстраните блокадата, вашиот телефон ќе почне повторно да прима и бележи повици и SMS пораки.

Меѓутоа, вие ќе можете да го повикате блокираниот број, како и да испраќате пораки на него, бидејќи блокадата функционира само во еден правец. Секако, ако лицето чиј број сте го блокирале ви возвратило со иста мерка, повиците и испраќањето пораки нема да бидат возможни.