Пуштeна во сообраќај новата електролокомотива од Кина

Железницата на Република Северна Македонија Транспорт АД-СКОПЈЕ официјално ја пушти во сообраќај првата од четирите нови електролокомотиви, откако претходно беше извршена контрола пред испорака во Кина.

Производител на овие електролокомотиви е CRRC ZhuZhou Locomotives од Жужо, Н.Р.Кина. Вредноста на една електролокомотива изнесува 2 130 000 евра, а средствата се обезбедени од страна на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).

 Локомотивата ги помина сите тестови и добиен е ТСИ – Сертификат од страна на производителот, како и дозвола за пуштање во сообраќај од страна на Управата за сигурност во железничкиот сообраќај на РСМ. Од страна на ЖРСМ ТРАНСПОРТ АД-СКОПЈЕ направени се тестирања според тендерските барања на пругите низ земјава, со што се утврди дека тестирањата го задоволија тендерското барање да повлече 1 600 тони на 17 промили. Генералниот директорот на ЖРСМ Транспорт АД-Скопје, Орхан Муртезани за време на престојот во Кина изјави дека согласно договореното предвидено е до средината на декември да пристигнат во Скопје и останатите три локомотиви.