Apple го претстави најновиот MacBook Pro кој ќе се појави во продавниците кон крајот на оваа седмица. Почетната цена изнесува 2,399 долари, а екранот е со големина од 16 инчи.
Купувачите на новиот лаптоп на Apple, во однос на претходниот модел, покрај поголемиот екран (претходната генерација имаше екран со големина од 15 инчи), ќе добијат нов процесор, подобри звучници и подобрена Magic тастатура.
Најевтиниот модел од 2,399 долари пристигнува со шестјадрен процесор од 9-та генерација – IntelCore i7 од 2.6GHz, 16GB DDR4 RAM, графичка карта AMD Radeon Pro 5300M со 4GB GDDR6 и 512GB PCIe-based onboard SSD хард диск.
Поскапиот модел ќе чини најмалку 2,799 долари, а ќе биде опремен со осумјадрениот процесор 9-та генерација – IntelCore i9 од 2.3GHz, 16GB DDR4 RAM, графичка карта AMD Radeon Pro 5500M со 4GB GDDR6 и 1TB PCIe-based onboard SSD хард диск.
Дисплејот е стандардниот Retina на Apple со резолуција од 3072х1920 и густина на пиксели од 226 ppi. Лаптопот има батерија од 100 W со проценето траење од околу 11 часа, а се полни преку USB-C полнач од 96 W.
За звукот се задолжени шест мали Dolby Atmos стерео звучници, а што се однесува до влезовите, новиот MacBook Pro има четири Thunderbolt 3 портови и еден 3,5 милиметарски влез за слушалки.
Извор: Klix.ba
Поврзани артикли