Германски тим на научници тренира инсекти кои потоа имаат специјални задачи да уништуваат други видови инскети ширум Европа, пишува „Дојче веле“. „Тренираните“ инсекти служат како замена за пестицидите вели научникот Бернд Вирер.
„Ларвите оси сакаат топло време. Најмногу им одговара температура од 25 степени. На таа температура тие се размножуваат“, вели Вирер, кој објаснува дека овие инскети претставуваат смртни непријатели на штетниците.
„Голем број штетници ги уништуваат земјоделските поседи ширум светот. Уништуваат огромни колични житарици. Затоа овие специјални видови оси, се омилени кај земјоделците ширум светот“, објаснува Вирер.
Вирер докторирал биологија и работи како директор во германската фирма AMW. Оваа фирма се занимава со одгледување на биолошки алтернативи на инсектициди. Овие инсекти се пуштаат на полињата, во градини, стаклени или во приватни станови ширум Европа. Сето тоа се прави еколошки без никаква употреба на отрови, вели Вирер.
„Нападот на осите би можел да послужи и како хорор филм“, се шегува Вирер. Тој објаснува дека овие оси ги положуваат јајцата во ларвите или јајцата на штетниците. Нивните потомци од внатре ги јадат домаќините и штетниците никогаш повеќе не можат да положуваат јајца.
„Тоа звучи страшно, но таква е природата“, вели Вирер. Некои видови на оси користат дури и возрасни штетници како превозно средство до следното поле.
Фирмата AMW го патентирала методот по кој овие иснекти се пуштаат од дронови или хеликоптери. Метдото се практикува и во Канада, иако самите инсекти не смета да се пренесуваат преку Атлантикот. „На тој начин се спречува ширење на инвазивни видови“, објаснува Вирер.
Побарувачката по ваквите инсектициди е се поголема, особено во Франција. И надвор од Европа и Канада има потенцијални купци, но со нив се работи многу внимателно, затоа што постои опасност да се промени природната рамнотежа. Вирер веќе некое време соработува со колеги од факултет кој живеат во Египет.
Поврзани артикли