Една од најголемите IT компании на светот, Apple веќе извесно време се подготвува да ги претстави своите уреди за проширена и виртуелна реалност, а некои информации говорат дека, сепак, малку ќе треба да почекаме.
Apple својата кацига најверојатн ќе ја претстави во текот на 2022. година, а првиот модел ќе биде со големина на Oculus Quest уредот за VR. Меѓутоа, помалиот од двата уреда се паметните очила, кои би требало да бидат претставени во 2023. година, со оглед на тоа дека ваквиот уред би требало да е постојано со вас.
Како и Google, iOS платформата на Apple веќе има илјадници апликации за VR. Siri, исто така, веќе функционира со носечките производи како што се AirPods и Apple Watch, овозможувајќи им на корисниците да ја користат навигацијата, да пуштаат музика и преведуваат пораки, без потреба да го земаат телефонот. Сите овие функции утре би можеле да работат на паметните очила.