Huawei Y9s претставен со три камери и екран без засек

Huawei претстави нов телефон од средниот сегмент, наречен Huawei Y9s, а всушност се работи за ребрендиран Honor 9X Pro, кој го покренува чипсетот Kirin 710F наместо Kirin 810 SoC.

Huawei Y9s има 6,59-инчен дисплеј без засек, кој ветува screen-to-body однос од 91 проценти. Екранот има резолуција од 1080p и густина на пиксели од 391 ppi.

Телефонот го покренува Kirin 710F SoC, во комбинација со 6 GB RAM меморија. Оперативниот систем е Android Pie-базиран на EMUI 9.1 од самиот почеток. Достапен е простор за складирање од 128 GB, кој може да се прошири преку microSD картичка до 512 GB.

За фотографирање, Huawei Y9s е опремен со селфи камера од 16 MP сместена во pop-up механизам, како и три камери на задната страна (главен 48MP, 8MP ултра широк сензор и сензор за длабочина од 2 MP).

Y9s има сензор за отпечатоци што се наоѓа од страна и е вграден во копчето за вклучување. Телефонот доаѓа во Midnight Black и Breathing Crystal бои, а има батерија од 4000mAh што се полни преку USB-C порт.

Huawei Y9s има цена од околу 239 долари / 215 евра (за ирачкиот пазар), а засега нема информации за цената и достапноста на глобалниот пазар.