Токио прогласен за најбезбеден град во светот

Јапонскиот град Токио е прогласен за најбезбеден во 2019 година, според листата на Економската известувачка единица. Покрај Токио, на оваа листа се наоѓаат уште девет града кои се сметаат за едни од најсигурните во светот.

Листата е направена според способноста на градовите да се заштитат од секаков вид проблеми, климатски катастрофи и непогоди и сајбер-напади.

Сингапур е вториот најбезбеден град во светот. Веднаш во првата тројка се најде уште еден јапонски град, Осака. Овие три града ги држат највисоките позиции според безбедноста и во 2015 и 2017 година.

Годинешниот индекс на 60 градови годинава беше фокусиран на концептот „урбана отпорност“, односно способност на градовите да ги апсорбираат шоковите и да се соземат од нив, велат истражувачите.

Индексот оценува четири типа на безбедност: Дигитална заштита, инфраструктура, здравство и лична безбедност. Азиско-пацифичкиот Регион доминира во првите десет позиции, со шест градови, вклучувајќи го и Сиднеј на петтото место, Сеул на осмото и Мелбурн на десеттото место.

Во првите десет влегоа и по два града од Европа и Северна Америка. Амстердам е четвртопласиран, Копенхаген осми, Торонто е шести, а Вашингтон седми.

Овие градови добија високи оценки за пристап на квалитетна здравствена заштита, специјални тимови за сајбер-безбедност, полициски патроли ориентирани на локалната заедница и добро планирање во случај на катастрофа, наведуваат истражувачите.