Космички отпад како дестинација за одмор во вселената (ВИДЕО)

Канадскиот стартап Maritime Launch Services (MLS) се здружи со компанијата Nanoracks, со цел заедно да развијат програма која би овозможила деловите од старите ракети повторно да се искористат во вселената.

Идејата е искористените делови на ракетите, кои служат за складирање на горивото кое ќе се потроши при полетувањето, повторно да се искористат во рамките на вселенските „градби“, како хотели, истражувачки центри и магацини. Експертите од компанијата Nanoracks тврдат дека отфрлените делови од ракетите би можеле да се искористат во многубројни цели, со што истовремено би се намалила и количината на вселенски отпад.

Планот е ракетите на компанијата Maritime Launch Services да се опремат со роботи кои деловите на отпадот би ги надградувале на леталата во кои ќе се најдат и сите работи да се извршуваат во вселената, што би заштедело и време и енергија, бидејќи отпадот не би се враќал на земјата на вклопување во конструкциите и повторно во вселената.

Оваа визија, секако, се уште е далеку, а најпрвин поради тоа што ракетите Cyclone 4M, кои MLS моментно ги користи, не се доволно големи да се трансформираат во вселенски хотели или други објекти за човечка употреба. Проектот, сепак, би можел хотелите од вселенски отпад во некој момент да ги воведе во реалност и на човештвото да му претстави космичка екологија, но и први дестинации за одмор надвор од матичната планета.