Паметните звучници на Google, Amazon и Apple ранливи на ласерски зраци

Со оглед на тоа дека овој пропуст се однесува на микрофоните MEMS (микроелектромеханички системи), овој вид на напад може да влијае на сите популарни уреди на пазарот, вклучувајќи ги и оние што работат со Google Assistant, Amazon Alexa, Facebook Portal и Apple Siri.

Вметнувањето на говорни команди од далечина во паметните звучници не мора да изгледа како некоја закана, но овие компании и нивните паметни производи стануваат центар за контрола на паметните уреди во нашите домови, паметните брави и вратите од гаражата. На пример, Amazon вели дека 85.000 домашни уреди во моментов се интегрирани со Alexa.

Студијата која ја докажа оваа ранливост е направена на Универзитетот за Електрокомуникација во Токио и универзитетот Мичиген, кои деталите од својата студија ги преточија во дело наречено: ‘Light Commands: Laser-Based Audio Injection Attacks on Voice-Controllable Systems’.