Во Кина се градат три облакодери по примерот на ремек-делото на Толкин

Господарот на прстените“ е еден од најпродаваните романи, не само на Западот, туку и на Далечниот Исток. Трилогијата од која потекнуваат познатите филмски хитови е многу популарна и во Кина – толку многу што во моментот се градат три облакодери по примерот на ремек-делото на Толкин.

Комплексот, дел од имотниот проект вреден нешто повеќе од два милиони долари, се состои од три облакодери високи 107 метри и висок ходник кој формира прстен над врвот, сличен на оној на Темната кула.

Сместен во Чонгкинг во југозападна Кина, архитектонскиот потфат е наречен „Господар на прстените“ во знак на славата на измислениот свет создаден од Толкин.

„Господарот на прстените“ на кинески е преведен како „Трилогија на магичниот прстен“.