Uber станува „оперативен систем за секојдневниот живот“

Uber сака да стане „оперативен систем за секојдневниот живот“, односно платформа која ќе понуди сеопфатни софтверски решенија за транспорт и трговија со мал обем.

Компанијата позната по својата апликација за превоз планира „евентуално“ да лансира сопствен глобален систем за дистрибуција на намирници, иако тоа сè уште е на ниво на идеја, изјави главниот директор за производи на Uber, Маник Гупта.

Сепак, преземањето на чилеанскиот стартап Cornershop, кој развива решенија за достава на намирници, беше еден од чекорите кон реализација на тие идеи, пренесува TeleTrader.

Минатата недела, Uber стартуваше нова услуга – Uber Money, првенствено наменета кон нивните возачи, со цел да се намали обемот на трансакции со клиентите.