NASA одговара: Како ќе слетаме на Месечината? (ВИДЕО)

Инженерот за вселенски скафандери Линдзи Ејчисон од НАСА одговара на прашањето: Како ќе слетаме на Месечината?

Ова видео е дел од серијалот во кој пошироката јавност може да поставува прашања преку хаштагот #AskNASA и вработени во Американската вселенска агенција ќе одговараат на нив.

Ејчисон зборува за плановите за истражување на Месечината и Марс со програмата Artemis и како Gateway ќе помогне за мисиите на Марс.