Huawei освои две награди на TechRadar Mobile Choice Consumer Awards 2019

Huawei P30 Pro ја освои наградата за најдобра камера, а Huawei 2019 стана паметен телефон оценет како најголема вредност за парите

Наградите се доделуваат по спроведување годишна анкета на потрошувачи во која кандидатите ги избира жирито на TechRadar, а корисниците се оние кои гласаат за уредите што заслужуваат да бидат почестени и да ја добијат големата награда на TechRadar MCCA.

За време на 19-тa церемонија на доделување награди, HuaweiP30 Pro ја освои наградата за најдобра камера, а Huawei P 2019 стана паметен телефон оценет како најголема вредност за парите (под 200 фунти). Со овие награди Huawei ја зајакнува својата лидерска позиција во областа на мобилната фотографија и докажува дека потрошувачите можат да купат смартфони со одлични спецификации по привлечна цена.

Двете награди ја надополнуваат колекцијата на награди за Huawei на TechRadar Mobile Choice Consumer, консолидирајќи ја лидерската позиција на компанијата. Во 2018 година брендот беше почестен во три категории – производител на годината, телефон на годината и најдобра камера. Huawei освои две награди во 2017 година (најдобар телефон на средниот пазар, еден за гледање) и една во 2016 година (најдобар телефон со камера).

Huawei ја лансираше новата P30 Pro серија во септември 2019 година, надополнувајќи го естетскиот дизајн и иновативните технологии во мобилната фотографија на Huawei P Серијата. Новиот P30 Pro може да се пофали со напредни додатоци за дизајн на бои и нови одлики за уредување фотографии и видео.