Netflix ја прекинува поддршката за постарите смарт телевизори на Samsung

Веќе некое време Netflix најавува дека до крајот на годината ќе ја прекине поддршката за одредени постари уреди. Toa главно се однесува на постари USB TV стикови, но Netflix најави и дека оваа мерка ќе влијае и на постарите модели на паметни телевизори на Samsung. Престанокот на поддршката е закажан за 1 декември оваа година.

Samsung објасни дека причините за тоа биле техничките ограничувања на телевизорот. За жал, до овој момент ниту Netflix ниту Samsung не објавија кои модели ќе бидат погодени од оваа мерка. Со други зборови, ако поседувате телевизор Samsung постар од една година, постои можност наскоро да останете без Netflix.

„Netflix имаше најавено дека поради нивните технички ограничувања, од 2. декември 2019, самиот стриминг сервис повеќе нема да поддржува неколку електронски уреди, вклучувајќи и неколку од Samsung. Оваа промена ќе влијае на некои модели на Samsung Смарт телевизори од 2010 и 2011 година кои биле продадени во САД и Канада. Уредите кои се под влијание ќе добијат известување кое се однесува на оваа промена. За потрошувачите кои сѐ уште ги имаат овие модели постојат многу други уреди кои може да се поврзат со Смарт телевизорот за да се продолжи со уживањето во стриминг сервисот. Листа на останати уреди кои се компатибилни може да се најде на netflix.com/compatibledevices. Сите други Samsung Smart телевизори произведени по 2011 нема да бидат под влијание на оваа промена.“

Претплатниците на Netfilx погодени од оваа ситуација ќе можат да продолжат со стриминг на содржина само доколку купат некој USB TV stick, Apple TV, Playstation 4 или било кој друг надворешен уред кој Netflix сè уште го поддржува.