AOC најавува нови монитори, креирани во партнерство со Porsche

AOC најави два нови модела во рамките на својата линија монитори, а кои се креирани во соработка со Porsche Design студиото. Моделите U32U1 и Q27T1 се два целосно различни уреда.

Q27T1 е помал модел и има 27-инчен IPS-панел со QHD резолуција (2560 x 1440p), покрива 90% од NTSC спектарот на бои NTSC и 107% од RGB опсегот на бои. Осветленоста на мониторот е 350 нита, а опциите за поврзување се ограничени на 2x HDMI и 1x DisplayPort. Кога станува збор за дизајнот, мониторот го карактеризира минималистички пристап, со асиметричен метален сталак и убав финиш на задниот дел. Мониторот е достапен од ноември.

 

AOC U32U1, од друга страна, имплементира врвни технологии и се очекува да биде значително поскап. IPS екранот од 32-инчи имплементира 4K резолуција, 10-битен панел со поддршка од 90% од DCI-P3 спектарот на бои и повеќе е интересен за професионалните корисници. Присутна е VESA DisplayHDR 600 сертификација и поддршка за HDR10 е присутна. Постојат голем број приклучоци, кои вклучуваат 1x HDMI 2.0, 1x HDMI 1.4, 1x DisplayPort 1.2, 1x USB-C 3.0, како и 4x USB 3.1 (downstream). Мониторот AOC U32U1 се очекува да се појави на пазарот до крајот на годината.