Apple наводно соработува со Valve за својот уред за проширена реалност

Apple веќе некое време планира да создаде уред за проширена реалност (AR), а според претходните предвидувања, следната година би можеле да видиме ваков уред од компанијата лоцирана во Купертино.

Новиот извештај на DigiTimes открива повеќе детали за AR уредот, а врз основа на изворите, Apple во моментов соработува со компанијата Valve. Ова е многу интересно, бидејќи не би било прв пат Valve да соработува со некоја компанија за развој на ваква технологија. Пред неколку години, Valve и HTC ја развија виртуелната кацига HTC Vive VR.

Исто така, ова не би било првпат да соработуваат Valve и Apple. Двете компании претходно работеа да овозможат VR поддршка за macOS.

Останува прашањето дали Apple всушност ќе го развива AR уредот во соработка со Valve, посебно ако имаме на ум дека компанијата сака самостојност и се труди помалку да зависи од другите производители. Поради тоа, споменатите гласини за AR уред на Apple треба да се земе со доза резерва.