Тројца научници – археолог, биолог и експерт за подготовка на јадења со квасец направија леб со квасец пронајден во сад од Египет, стар 4.000 години. Тие заклучија дека квасецот може да хибернира бесконечно, бидејќи штом бил активиран повторно почнал да се размножува. Претходно, археологот Серена Лав од Универзитетот во Квинсленд направи експеримент со квасец собран од предмети пронајдени во египетски гробници и користејќи рецепти пронајдени меѓу пергаменти со хиероглифи успеа да направи неколку видови пиво.
Шимус Блекли со помош од стари остатоци на тесто во садовите пронајдени во гробниците во Египет успеа да го активира квасецот и да испече леб. Првин успеал да го активира квасецот, а потоа со посебен вид брашно, добиен од житарки какви што користеле Египќаните, направил леб.
Членовите на тимот го вкусиле лебот и констатирале дека може да се јаде. Нивна следна мисија е да се утврди прецизната старост на употребениот квасец.
Експериментите и резултатите од истите се објавено во списанието „Археолоџи“.