Нешто претходно се појавија информации дека Samsung Galaxy S11 може да го користи 108MP ISOCELL Bright HMX сензор, развиен од јужнокорејскиот производител во соработка со Xiaomi, заедно со 5x перископ зум камера. Меѓутоа, според вообичаено доверливиот дојавувач @IceUniverse, сензорот од 108MP во Galaxy S11 ќе биде нова верзија.
Засега не е познато што ќе имплементира новата верзија на сензорот – дали тоа ќе биде промена во матрицата, обработка на податоци, посветла леќа или нешто друго. Споменатиор 108MP ISOCELL Bright HMX осензор ветува 4-во-1 пиксел-бинувани фотографии од 27MP фотографии, благодарение на својата големина.
Кога станува збор за самиот Samsung Galaxy S11, телефонот се очекува да ги има се уште необјавените чипови Exynos 9830/Snapdragon 865, како и LPDDR5 RAM меморија.