Прашајте некој научник или кој било човек за раѓањето на универзумот и веројатно ќе ви каже дека сѐ започнало со Големата експлозија.
Она, пак, што никој не го знае со сигурност е што ја предизвикало таа експлозија. Некои се сомневаат дека се се случило кога гигантската ѕвезда станала супернова, но сепак, од каде ѕвезда ако немало ништо, а не го знаеме со сигурност одговорот на прашањето што е причина за „запалување“ на ѕвездата, објави Futurism.
Но, тоа можеби е сменето благодарение на истражувачите од Универзитетот на Централна Флорида, кои велат дека ги откриле условите што се неопходни за Голема експлозија во нивната лабораторија, а немале намера да го направат тоа.
Тимот предводен од Карим Ахмед, доцент на одделот за механичко и космичко инженерство, тестирал методи за производство на хиперсоничен млазен погон кога открил дека пасивниот оган може да се забрза и сам да експлодира.
– Ги испитувавме овие суперсонични реакции за погон и како резултат на тоа наидовме на овој механизам кој изгледаше многу интересен. Кога почнавме да испитуваме подетално, сфативме дека ова може да се поврзе со нешто толку длабоко како потеклото на универзумот – истакна Ахмед.
Неговиот тим открил дека турбуленцијата може да предизвика пасивен оган, како оној на свеќа, сам да се забрза и на крајот да се детонира.
Оттаму, тимот создал шок-тунел кој ја поттикнува турбуленцијата која е потребна за пасивниот оган да стане активен – во суштина истражувачите пронашле начин за создавање „мали експлозии“ кои ја имитираат големата со која се родил нашиот универзум.
Деталите за нивната работа се наведени во труд објавен во магазинот Science.
Освен потенцијалната примена во воздушниот сообраќај и патувањата во вселената, истражувачите веруваат дека нивната студија може да го подобри и нашето разбирање за Големата експлозија и можеби и за она што постоело пред неа, ако воопшто постоело нешто.
Извор: Radiosarajevo.ba