VR системите стануваат се понапредни, но и натаму воглавно се достапни само на квалитетниот хардвер и софтвер. Тоа наскоро би можело да се промени, а најпрвин благодарение на Chrome, кој почна да поддржува мрежни виртуелни искуства.
Имено, бета верзијата на Chrome 79 пребарувачот открива детали за поддршка за виртуелна реалност на веб, што значи дека програмерите уште сега можат да развиваат веб-страници со видео игри, видео содржини од 360 степени и тродимензионална уметност, благодарение на WebXR Device API. Ваквите содржини можат да се прикажуваат како на паметните телефони, така и на уредите како што е Oculus Quest, а поддршката наскоро би требало да се појави и во Firefox Reality, Oculus Browser, Edge и Magic Leap Helio.
Chrome 79 донесува и други нови опции, а една од најинтересните е онаа која ќе ги укинува сите страници кои во позадина ќе бидат отворени повеќе од пет минути. Оние кои се заинтересирани веќе можат да ја преземат бета верзијата, а останатите можат да го почекаат 10. декември кога функциите ќе стигнат до сите корисници на Chrome.