Иако Golf 8 штотуку беше претставен, челниците на Volkswagen веќе ја прокоментираа и неговата замена
Причината е темата покрената од магазинот Top Gear за иднината и неизбежната смрт на конвенционалните мотори. Електричните автомобили се стекнуваат со популарност, а една од компаниите што инвестира најмногу во новата ера е секако VW.
„Нема шанси до 2030 година сите возила да бидат електрифицирани. Дури и мојот шеф Dies (првиот човек на VW) не е оптимист. Премногу е далеку”, вели Ларс Хантшел.
Хантшел е убеден дека Golf 9 ќе се случи, веројатно во 2027 или 2028 година, со оглед на планираниот типичен животен век на возилата од седум до осум години.
Сепак, електрификацијата веќе влијаеше на Golf. Иако моделот ID.3 веќе го „уби“ е-Golf, осмата генерација има електрифицирани верзии.
VW ќе понуди и хибридни варијанти на Golf, како и plug-in верзија под името GTE со 204 и 245 КС, а тука се и хибридите со турбо-бензински eTSI со 3-цилиндерски 1.0-литарски мотор од 110 КС, како и 4-цилиндерски со 1.5-литарски мотор во верзии со 130 и 150 КС.
Извор: Додај Гас