Научници во Јапонија, проучувајќи измет на свињи, нашле нов ентеровирус. Фармите за свињи се валкани опкружувања и дом на многу вируси кои брзо се развиваат, што ги прави идеални за научни истражувања.
Вирусите обично се реплицираат така што се врзуваат за клетката на домаќинот со мали опашки од нивната обвивка. Експертите од Универзитетот за земјоделство и технологија во Токио ги збунува тоа како новиот вирус ги напаѓа клетките затоа што нема такви опашки. Професорот Тетсуја Мизутани вели дека можеби со ова откритие се среќаваме со сосема нов систем на вирусна еволуција.
Вирусите се едноставни честички на границата на живото и неживото, направени од генски материјал РНК и ДНК. Нивните обвивки се состојат од протеини што доаѓаат во разни структури, во зависност од видот на вирусот.
Вирусите не можат да се реплицираат ако претходно не направат вирусна честичка за да ја нападнат живата клетка на домаќинот. Професорот Мизутани вели дека новиот вирус нема структурни протеини, што би значело дека не може да направи вирусна честичка.
– Се чудиме како настанал, како ги инфицира клетките и како развива вирусни честички. Нашата понатамошна работа оди во насока на решавање на оваа мистерија на вирусната еволуција – истакна професорот.
Извор: Telegram.hr