Мисијата би требало да биде лансирана во 2026. година, а целта е на Земјата да ги донесе примероците кои ќе ги собере роверот Mars 2020.
Кон средината на идната година роверот Mars 2020 ќе тргне кон Марс, а неговата примарна цел ќе биде потрага по знаци на живот или докази за постоење услови за живот во сегашноста или минатото на Црвената планета. Секундарната улога на роверот е собирање примероци запечатени во специјални пакувања. Една од идните мисии ќе биде враќање на примероците назад на Земјата.
Брајан Мурхед, научник од НАСА, задолжен за враќање на примероците на Земјата, на 70. Меѓународен астронаутски конгрес одржа презентација на која откри нови детали за мисијата планирана за 2026 година.
„Ако сакаме да добиеме одговори на најголемите прашања за Марс, како она за постоење живот, ќе мора материјалот од планетата да го однесеме во нашите лаборатории на Земјата“, изјави тој, додавајќи дека тоа ќе биде голем предизвик за НАСА, која на проектот ќе соработува со Европската вселенска агенција ЕСА.
Во видеото е прикажано како би се одвивала мисијата:
Извор: Vidi.hr