Uber се подготвува за тестирање на својата нова услуга за доставa на храна со беспилотни летала, што ќе биде извршено за сервисот Uber Eats во Сан Диего во 2020 година.
Uber претстави нов изглед за својот дрон што користи „иновативни ротирачки крила со шест пропелери“ за да биде што е можно подобра транзицијата помеѓу вертикалното полетување и летот напред.
Ротирачките крила се присутни кај прототипите на летачките автомобили, но многу ретко кај дроновите. Пропелерите се позиционирани вертикално за време на полетувањето и слетувањето, но можат да се ротираат напред за дронот да се движи побрзо и поефикасно за време на летот.
Ротирачкото крило е слично на она кое го дизајнираше ветеранот на НАСА, Марк Мур за прототипот на летачко такси. Дронот и такси-возилато се проекти според планот Uber Elevate, чија мисија е транспортот и доставата да ја „префрлат“ во воздух. Тестните летови на летачкото такси се планирани за 2020. година, а комерцијалното пласирање за 2023. година.
Во случај на нов дрон, капацитетот за теренот е еднаков на оброците за двајца. Од Uber порачуваат дека дронот поминал „клучна анализа на дизајнот“ и дека првиот лет се очекува пред крајот на годината. Претходно оваа година, Федералната управа за авијација му даде дозвола на Uber да почне со тестирање на беспилотни летала во Сан Диего.
Дронот е дизајниран да изврши достава за осум минути, вклучувајќи го пакувањето и подигањето на пратката. Опсегот на дронот со пратката изнесува нешто повеќе од 19 км, а без неа 30 км.
Беспилотното летало може да лебди во воздухот во услови на ветер кој дува со брзина до 50 км.
Технологијата на дронови се развива со поголема брзина, а минатата недела Wing почна да ги користи своите доставни дронови во Вирџинија. Amazon и UPS исто така спроведуваат експерименти.